УТРО.мк

Тешка сообраќајка вечерва во Македонија – има многу повредени

Тешка сообраќајка вечерва во Македонија – има многу повредени
Vero

Единаесет лица се пренесени во Клиничката болница во Штип по тешка сообраќајна незгода што се случила на магистралниот пат Свети Николе – Куманово.

Според првичните информации, во несреќата учествувале комбе и камион. Повредените со возила на Итната медицинска помош се транспортирани во Клиничката болница Штип, каде што им се укажува лекарска помош.

На местото на несреќата се врши увид од страна на надлежните служби, а засега нема официјални информации за тежината на повредите и причините за сообраќајката.

Повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin