УТРО.мк

Мотоциклист тешко повреден во судир со „ауди“ во Скопје

Мотоциклист тешко повреден во судир со „ауди“ во Скопје
Vero

Тешка сообраќајна несреќа се случила на улицата „Бледски Договор“ во Скопје, при што тешко е повреден мотоциклист.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 18 јуни 2026 година во 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека дошло до судир меѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот З.Ч. од селото Рашче, и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 46-годишниот А.С. од Скопје.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а причините за сообраќајката се утврдуваат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin