
Педесетгодишна жена од Тетово пријавила злоупотреба на нејзината дебитна платежна картичка, откако забележала недостиг на средства на трансакциската сметка.
Како што информираат од полицијата, на 18 јуни 2026 година во 14:00 часот во СВР Тетово, жената пријавила дека уште во текот на мај преку апликација за мобилно банкарство забележала дека од нејзината сметка недостасуваат парични средства. Поради подолго боледување не била во можност веднаш да го провери случајот во банката.
На 17 јуни, откако побарала и добила банкарски извештај, констатирала дека во периодот од 23 мај 2025 до 12 мај 2026 година биле извршени повеќе неовластени трансакции.
Со тоа, според пријавата, таа била оштетена за околу 80.273 денари.
Жената навела дека дебитната картичка и податоците од неа никогаш не ги споделила со други лица.

















