Косовскиот премиер Албин Курти го предложи Глаук Конјуфца за нов премиер, додека тој самиот би го презел местото министер за надворешни работи, со цел да се избегнат нови избори. „Го давам овој предлог-за довербата што ја имам во Конјуфца, но и за да се избегнат нови избори“, изјави Курти.
Конјуфца е искусен политичар и поранешен спикер на косовското собрание, близок сојузник на Курти. Парламентот сега треба да го разгледа и гласа предлогот за новата влада.































