УТРО.мк

Додик остана без мандат – Судот ја потврди одлуката на изборната комисија

Додик остана без мандат – Судот ја потврди одлуката на изборната комисија
Vero

Судот на Босна и Херцеговина ја одби жалбата на Милорад Додик против решението на Централната изборна комисија (ЦИК) со кое тој беше разрешен од функцијата претседател на Република Српска. Со оваа одлука, која стана правосилна, Додик и официјално го изгуби мандатот.

ЦИК потврди дека Апелацискиот совет на Судот на БиХ утврдил дека нема законска основа за жалбата, имајќи предвид дека Изборниот закон јасно предвидува губење на мандат доколку функционер биде осуден на затворска казна подолга од шест месеци.

Во јули, Додик беше осуден на една година затвор поради неспроведување на одлуките на високиот претставник. Врз основа на тоа, ЦИК веќе му го одзеде мандатот добиен на изборите во октомври 2022 година.

Сега се исполнети условите за распишување предвремени избори за претседател на РС, кои мора да се одржат во рок од 90 дена.

И покрај правосилната пресуда, Додик изјави во Бања Лука дека нема намера да се повлече и најави организирање на референдуми со цел „ослободување на РС од БиХ“. Тој повторно се закани дека нема да дозволи отворање избирачки места за избор на нов претседател.

Аналитичарите предупредуваат дека ваквите потези би значеле ново кршење на законите, со можност за дополнителни казни. Од друга страна, опозициските партии во РС веќе најавија учество на предвремените избори, додека ПДП на Драшко Станивуковиќ сè уште калкулира со ставот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран