УТРО.мк

Маск: Следната година ќе подарам по една акција од „СпејсЕкс“ на секое дете во Америка

Маск: Следната година ќе подарам по една акција од „СпејсЕкс“ на секое дете во Америка
Vero

Илон Маск најави дека во 2027 година ќе му подари на секое дете во Соединетите Американски Држави по една акција од својот удел во компанијата „СпејсЕкс“. Најавата ја објави на социјалната мрежа Икс, посочувајќи дека ова ќе биде прв од повеќе вакви потези.

„Следната година ќе му дадам по една од моите акции во ‘СпејсЕкс’ на секое дете во Америка. Ова ќе биде првото од многуте подарувања“, напиша Маск.

Засега не се објавени детали за начинот на распределба на акциите, условите за нивно добивање или точниот рок за спроведување на најавата. Маск не прецизираше ниту што ќе опфаќаат следните подарувања што ги навести во објавата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран