
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата, со која бензините поевтинуваат за 2,50 денари по литар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари по литар.
Со новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 96 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 98 денари по литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 99 денари по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 110,50 денари по литар.
Поскапува и мазутот М-1 НС, чија цена се зголемува за 1,837 денари и изнесува 53,579 денари по килограм.
Промените се во однос на цените утврдени со претходната одлука на Регулаторната комисија од 13 октомври 2026 година.























