УТРО.мк

Среќен крај во Велешко: Спасено мече заробено во нелегална примка

Среќен крај во Велешко: Спасено мече заробено во нелегална примка
Vero

Мече старо околу три години и тешко приближно 70 килограми било спасено од нелегално поставена примка од сајла во месноста Чеплес, на околу 1,5 километри од Рибник Нежилово во Велешко. По ветеринарната интервенција, животното било пуштено назад во природното живеалиште.

Според Државниот инспекторат за животна средина, акцијата била спроведена на 18 октомври, откако Ловечкото друштво „Руен“ од Велес пријавило дека мечето е заробено. Информацијата преку Македонското еколошко друштво стигнала до Инспекторатот, а било известено и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во спасувањето учествувале двајца државни инспектори, полициски службеници од СВР Велес, претставници на ловечкото друштво и ветеринар од скопската Зоолошка градина.

Мечето најпрво било успиено, по што ветеринарот го прегледал и ја отстранил металната примка. Било утврдено дека станува збор за машко животно, без видливи повреди од сајлата.

За случајот е известен јавен обвинител од Велес. Полицијата ја одзела примката за вештачење и преземање натамошни мерки за поведување кривична постапка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран