УТРО.мк

ВИДЕО: „Летечкиот“ автомобил на Маск меѓу големите ветувања и долгото чекање

ВИДЕО: „Летечкиот“ автомобил на Маск меѓу големите ветувања и долгото чекање
Vero

Новиот „Тесла Роудстер“ повторно привлекува внимание со најавите за ракетни потисници и забрзување до 100 километри на час за помалку од една секунда. Станува збор за најавени можности, додека нивната реализација во сериски автомобил останува да се потврди.

Real life, baby https://t.co/3QEqn18wig— Tesla (@Tesla)October 16, 2026

Илон Маск со години ја споменува можноста спортскиот автомобил да користи потисници со ладен гас, поврзани со технологијата на „Спејс Икс“. Токму овие најави стојат зад описот на моделот како „летечки“ автомобил.

Проектот, сепак, го следат повеќегодишни одложувања. Меѓу заинтересираните купувачи бил и директорот на „ОпенАИ“, Сем Алтман, кој уплатил 50.000 долари за резервација. По долгото чекање, побарал враќање на парите.

Сериското производство се очекува во 2028 година, но останува неизвесно дали автомобилот ќе пристигне во предвидениот рок и со сите најавени можности.

Маск ја намалува важноста на „Роудстер“ за финансиските резултати на компанијата, оценувајќи дека неговата продажба веројатно ќе биде ограничена и нема значително да ги промени вкупните приходи.

Моделот би можел да има поголема улога во имиџот на брендот. Според Тим Левин, уредник на автомобилскиот портал „ИнсајдЕВс“, „Роудстер“ може да помогне во обновувањето на репутацијата на „Тесла“ како иновативен производител. Тој, сепак, посочува дека конкуренцијата на пазарот на електрични автомобили значително се променила од првата најава на моделот.

Во меѓувреме, компанијата го насочува вниманието и кон автономни такси-возила и хуманоидни роботи, додека најголемиот дел од продажбата и натаму го остваруваат „Модел 3“ и „Модел И“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран