УТРО.мк

Мицкоски: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, се бориме цената да остане иста и од јануари

Мицкоски: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, се бориме цената да остане иста и од јануари
Vero

Цената на електричната енергија ќе остане непроменета до крајот на годината, а Владата ќе настојува да нема зголемување ниту од 1 јануари, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето ново основно училиште во Ченто, Мицкоски истакна дека одржувањето на енергетската стабилност е владин приоритет.

„Се бориме и она што е наш приоритет е да остане цената иста, да нема зголемување“, рече премиерот.

За цената од јануари, сепак, посочи дека треба да се почекаат барањата на енергетските компании и одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

„Од 1 јануари да почекаме што ќе кажат енергетските компании, па ќе видиме. Јас не можам да ја прејудицирам одлуката на Регулаторната комисија“, изјави Мицкоски.

Тој не се согласи со оценката дека цената на струјата најмногу зависи од АД ЕСМ. Нагласи дека во нејзиното формирање учествуваат и други компании, меѓу кои операторот на преносниот систем и дистрибутерот.

Во однос на понудата на ЕСМ, премиерот рече дека нема да биде понудена цена пониска од 65 евра, оценувајќи дека таа е значително пониска од берзанските цени во актуелните услови.

Мицкоски соопшти и дека не се планираат измени во тарифните блокови за електрична енергија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран