
Полицијата пронашла пиштол и пакувања со кокаин при претрес во дом и помошни простории во тетовското село Голема Речица. Од слобода бил лишен А.А. (57), кој, според полициските информации, за време на претресот им упатувал закани на полициските службеници.
Претресот бил извршен на 16 октомври, од 15 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба и поради сомнение за кривично дело поврзано со наркотични дроги.
Во подрумска соба, под кревет, бил пронајден пиштол „екол дуал“ со празна рамка. Во помошна просторија во состав на куќата, во навлака од перница, полицајците пронашле 22 мали најлонски кесички и една поголема кеса со кокаин.
А.А. бил задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. По документирањето на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.























