УТРО.мк

Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања

Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања
Vero

Македонија заклучно со август регистрирала околу 980.000 туристи и приближно 2.730.000 ноќевања, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги последните податоци на Државниот завод за статистика.

Според него, резултатите покажуваат дека пред крајот на годината ќе биде достигната владината цел за 2026 година од еден милион туристи и близу три милиони ноќевања.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето ново основно училиште во Ченто, Мицкоски го истакна растот во летните месеци, особено кај странските посетители.

Тој посочи дека во август бројот на странски туристи бил зголемен за 11,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година, додека нивните ноќевања пораснале за повеќе од 20 отсто.

„Тоа претставува потврда на заложбите на Владата да ги промовира туристичките потенцијали на земјата и на тој начин да привлекуваме туристи“, рече Мицкоски.

Премиерот ги поврза резултатите и со договорите со туристички агенции што носат посетители во земјава. Дополнително, наведе дека бројот на патници на македонските аеродроми е зголемен за околу 30 отсто во споредба со истиот период лани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран