УТРО.мк

Кривична пријава за проневера на над 110.000 евра од давачки за регистрација на возила во Скопје

Кривична пријава за проневера на над 110.000 евра од давачки за регистрација на возила во Скопје
Vero

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 47-годишен скопјанец и правно лице од Скопје поради сомнение за проневера во службата и перење пари. Според МВР, случајот се однесува на 6.803.900 денари, односно над 110.000 евра, наплатени како давачки при регистрација на возила.

Пријавениот, како овластено лице во станица за технички преглед, во периодот од 1 јануари 2021 до 20 јануари 2026 година, наводно изготвувал и доставувал фалсификувани извештаи за наплатените средства.

Извештаите биле доставувани до Јавното претпријатие за државни патишта, Црвениот крст, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за животна средина и скопските општини.

Според полициските наводи, во активностите учествувало и лицето С.С. Користејќи ги овластувањата за потпишување фактури, тие се сомничат дека ги пренасочувале и прикривале наплатените пари преку две приватни фирми и едно осигурително-брокерско друштво од Скопје.

За прикривање на потеклото на средствата, според пријавата, биле вршени префрлања меѓу сметки и мешање со легалните приходи на фирмите. Се наведуваат и договори за заедничка изградба на недвижности, фиктивни купопродажби на имот и возила, како и купување имот за пријавеното правно лице.

Предметот е преземен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според МВР, со опишаните дејствија Буџетот бил оштетен за 6.803.900 денари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран