УТРО.мк

Во Данска повторно затворен аеродром поради дронови

Во Данска повторно затворен аеродром поради дронови
Vero

Во вечерните часови, данската полиција соопшти дека го затворила аеродромот во Алборг поради дронови забележани во непосредна близина, пренесува Sky News. Истовремено, сите пристигнувачки и заминувачки летови во аеродромот Нордјиландс биле привремено запрени.

„Дронови се забележани во близина на аеродромот Алборг и воздушниот простор е затворен. Полицијата е присутна и спроведува дополнителна истрага“, соопшти полицијата преку X.

Портпаролот на аеродромот не прецизираше колку дронови биле видени, но посочи дека затворањето засега влијаело на четири летови, меѓу кои два на SAS, еден на норвешка авијација и еден на KLM.

Алборг се наоѓа на северот на Данска, во регионот Јутланд, и е четвртиот најголем град во земјата по број на жители. Инцидентот се случи само неколку дена по затворањето на аеродромот во Копенхаген поради слични безбедносни проблеми со дронови. Засега не е познато кој ги лансирал и од каде дошле дроновите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран