УТРО.мк

Меланија Трамп одби официјална средба со сопругата на Зеленски во Њујорк

Меланија Трамп одби официјална средба со сопругата на Зеленски во Њујорк
Vero

Сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп, одлучи да не одржи официјална средба со првата дама на Украина, Олена Зеленска, за време на нејзиниот престој во Њујорк.

Според Марко Бекман, висок советник на Меланија Трамп, таа ќе ја поздрави Зеленска учтиво, но без формален билатерален состанок. „Зеленска неколку пати ја контактираше Меланија за да договори средба. Но, нема да има билатерална средба, ништо официјално. Таа ќе ја повика денес и ќе ја поздрави, но нема да има суштински разговор,“ изјави Бекман.

Одлуката се толкува како сигнал за дистанцирање од раководството на Киев во момент кога односите меѓу САД и Украина се чувствителни.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран