УТРО.мк

Руски авион прелета над германска фрегата, министерот за одбрана алармира

Руски авион прелета над германска фрегата, министерот за одбрана алармира
Vero

Руски воен авион прелета над германска фрегата во Балтичкото Море, соопшти денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Тој оцени дека ваквите акции, заедно со упади на руски беспилотни летала и борбени авиони во полски и естонски воздушен простор, претставуваат „дословно тестирање на границите на НАТО“.

„Прелетите над нашите бродови се непотребна провокација. Русија се обидува да ги идентификува и искористи наводните слабости на НАТО, но се лажат ако мислат дека ќе нѐ поделат“, рече Писториус пред пратениците во Бундестагот.

Министерот истакна дека одговорот на НАТО е јасен и единствен, со одлучност, но и со неопходна смиреност. Тој го презентираше и предлогот за буџетот на министерството за одбрана за 2026 година, кој предвидува 82,69 милијарди евра редовни средства и дополнителни 25,51 милијарди евра за специјален воен фонд, настанат по руската инвазија на Украина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран