Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека земјите од НАТО треба да го засилат својот одговор на „новите провокации“ од Русија, особено во воздушниот простор на Источна Европа, но без отворање оган врз руските авиони.
„Ако некој повторно ве провоцира, мора да реагирате посилно“, рече Макрон за француските медиуми во Њујорк, каде што присуствува на годишната сесија на Генералното собрание на ОН.
Претседателот посочи дека НАТО досега организирал „пропорционален“ колективен одговор на упадите на руски беспилотни летала и авиони во нејзиниот воздушен простор. „Важно е да покажеме дека знаеме како да ја заштитиме Украина и да продолжиме да го браниме нашиот воздушен простор“, додаде тој.
Одлуката на Макрон доаѓа во контекст на контроверзни изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој порача дека руските авиони треба да бидат соборени доколку влезат во воздушниот простор на земјите од НАТО.
Во последните недели повеќе земји во Европа пријавија упади на руски беспилотни летала и авиони, а Холандија собори три беспилотни летала во првата таква интервенција во историјата на НАТО од неговото основање во 1949 година.