Украина ќе ѝ биде потребна меѓу 12 и 20 милијарди долари воена помош следната година за купување американско оружје, изјави украинскиот министер за одбрана Денис Шмихал на безбедносниот самит во Брисел.
Тој истакна дека со соодветна финансиска поддршка од сојузниците, Украина би можела да произведе дури 10 милиони дронови во текот на 2026 година. Сепак, министерот нагласи дека земјата сè уште се соочува со недостиг на муниција за артилерија со долг дострел, што е клучно за продолжување на борбите против руските сили.
Шмихал додаде дека новата иницијатива на НАТО за снабдување со американско оружје е од суштинско значење за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина и за одржување на стабилноста во регионот.