УТРО.мк

ВИДЕО – Јасна победа за Меџити: Чаир се мобилизирал масовно

ВИДЕО – Јасна победа за Меџити: Чаир се мобилизирал масовно
Vero

Во општина Чаир вечерва се одржува голем митинг на коалицијата ВЛЕН, на кој присуствуваат илјадници граѓани што испратија силна порака на поддршка за кандидатот за градоначалник Изет Меџити. Настанот сè уште трае, а обраќањето на Меџити се очекува подоцна во програмата.

Според ВЛЕН и снимките од терен, митингот е меѓу најмасовните политички собири во Чаир во текот на оваа кампања. Присутните носат знамиња и транспаренти, а атмосферата е еуфорична, со скандирања и аплаузи во знак на поддршка за кандидатот на ВЛЕН.

Од ВЛЕН истакнуваат дека ова е најмасовниот митинг во Чаир во изминатите години — доказ дека граѓаните препознаваат конкретна програма, јасна визија и чесно лидерство.„Ова е народна победа во најава, победа на вистинските вредности, на работа, искреност и транспарентност,“

Во фокусот на кампањата на Меџити се урбаниот развој, решавањето на сообраќајниот хаос, отворањето нови училишта и градинки, подобра инфраструктура и повеќе можности за младите, со акцент на тоа Чаир конечно да добие институции што ќе работат во служба на граѓаните.

Според присутните, вечерва во Чаир не се гледа само политички собир, туку народно движење што ја најавува промената.
Настанот продолжува со културно-музичка програма, а во центарот на вниманието останува очекуваниот говор на Изет Меџити.

Видеото може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран