УТРО.мк

Ѓорѓиевски пред граѓаните на Аеродром: Големи промени допрва следуваат

Ѓорѓиевски пред граѓаните на Аеродром: Големи промени допрва следуваат
Vero

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје, вчера вечер одржа голем собир во општина Аеродром, исполнет со млади, семејства и горди граѓани, ветувајќи темелни промени и ред во градот.

Ѓорѓиевски потенцира дека Аеродром повеќе нема да биде „сообраќаен остров“ и најави завршување на клучните булевари „АСНОМ“ и „Февруарски поход“ со нови мостови, реконструкција на улицата Фрањо Клуз и пробивање на булеварот Борис Кидрич. Тој посочи дека сообраќајниот хаос, урбаниот неред и проблемите со паркирањето ќе бидат решени преку изградба на кружни текови и монтажни катни гаражи.

Покрај инфраструктурните проекти, Ѓорѓиевски ветува и инвестиции во животната средина, вклучително решавање на Усјанскиот канал и создавање на модерен парк Вардариште со нов кеј до Долно Лисиче.

Тој истакна дека реформите ќе се прошируваат и на јавните претпријатија, воведувајќи нов комунален ред и еко-бригади за чистење на градот. Ѓорѓиевски посочи дека со поддршката на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, сите овие проекти ќе станат реалност.

„Нашиот град нема повеќе време за губење. Време е за голема и конечна победа! За Аеродром! За Скопје! Најдоброто допрва доаѓа“, порача Ѓорѓиевски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран