Бујар Османи синоќа откри дека добил директна порака од висок претставник на ЕУ, и веднаш ја пренесе на својот собир во Чаир. Му дале задача, како што тоа го правеа европските дипломати кога беше министер, да го праша Али Ахмети и лидерите на нивната коалиција дали можат да се обврзат пред Брисел дека веднаш по октомври, ќе се формира новата влада и ќе се изгласаат уставните измени.
Ова збунува, но како и да дообјаснува дека ДУИ сеуште живее во илузија дека се фактор на власт во Македонија.
На социјалните мрежи се почесто има прашања – коментари од граѓаните дали Османи се уште не сфатил дека се кандидира за градоначалник на Чаир, а не за министер или за европратеник? Тој може и понатаму да си ја тера својата „европска кампања” полна со зборови: стратегија, реформи, Устав, ЕУ, инклузија… но не треба да заборави дека градоначалникот на Чаир не се избира според љубовта и покорноста кон ЕУ, туку по тоа дали улица ќе биде без дупки, дали има доволно место за дечињата во градинките, коментираат граѓаните.