Украинската војска во вторникот соопшти дека нападнала воени цели на територијата на Русија со ракетите ATACMS испорачани од САД, оценувајќи го тоа како „значаен развој на настаните“.
Ова е првпат Украина отворено да потврди употреба на напредните балистички ракетни системи на целите во Русија, иако ограничувањата за нивната употреба беа укинати од администрацијата на Џо Бајден пред една година.
„Користењето на способностите за далечински удари, вклучително и системи како ATACMS, ќе продолжи“, наведоа од украинскиот Генералштаб во соопштението објавено во вторникот.
Киев ги доби овие системи во 2023 година, но на почетокот беше ограничен нивното користење да биде дозволено само на украинска територија, околу една петтина од која е окупирана од Русија.
Бајден, кој тогаш беше претседател на САД, ги укина ограничувањата во ноември 2024 година — потег што накратко беше критикуван од неговиот наследник Доналд Трамп.
Украина, покрај тоа, побара американски ракети „Томахавк“ со дострел од 2.500 километри, тврдејќи дека тие ќе ја натераат Русија да седне на преговарачка маса.
Иако Трамп првично ја разгледуваше можноста за нивна продажба на Киев, во ноември изјави дека „всушност“ не го разгледува тој потег, пренесе Ројтерс.























