УТРО.мк

Свлечишта и одрони на повеќе патни правци: Интервенција по обилните врнежи

Свлечишта и одрони на повеќе патни правци: Интервенција по обилните врнежи
Vero

Центарот за управување со кризи информира дека во вечерните и утринските часови, поради обилните врнежи што го зафатија западниот и југозападниот регион, на единствениот број за итни повици 112 пристигнале повеќе пријави за свлечишта и одрони на земја.

Најкритични точки се забележани на патниот правец Дебар – Струга, во близина на местото Џепчиште, како и на патот Кичево – Охрид, кај регионот Извор. Свлечиштата предизвикувале значителна опасност по сообраќајот и отежнато движење на возилата.

По добиените дојави, Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапил во контакт со дежурните екипи на „Македонија пат“, кои без одлагање излегле на терен и започнале со расчистување на патиштата и обезбедување на сообраќајот.

ЦУК апелира до возачите да се движат внимателно на овие делници и да ги следат упатствата од надлежните служби.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран