УТРО.мк

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилните дождови продолжуваат

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилните дождови продолжуваат
Vero

Денес (Среда 19 Ноември) поради влијанието на циклонската активност од Џенова во нашата Република Македонија во најголем дел ќе има повремени врнежи од дожд. Особено обилни врнежите ќе бидат во западните и во југозападните предели од нашата Македонија каде за 24 часа очекувам да наврне ново големо количество на дожд (над 50 литри дожд). Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец.

Температурите остануваат да бидат натпросечно високи за ноември и тоа поради јужното воздушно струење и тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 13 степени.

Апелирам поради обилните дождови кои ги очекувам особено во западните и во југозападните предели од нашата Македонија граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, особено да бидат внимателни возачите и тие да не се движат во близина на водотеците. Исто така поради понатамошните обилни врнежи од дожд растат условите и за зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија, особено во западните и во југозападните предели.

МетеоАларм

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран