УТРО.мк

Судијката Диана Груевска Илиевска: „Правдата може да дојде за 5 месеци, може за 5 години“ – непречено судење за пожарот во „Пулс“

Судијката Диана Груевска Илиевска: „Правдата може да дојде за 5 месеци, може за 5 години“ – непречено судење за пожарот во „Пулс“
Vero

Судијката Диана Груевска Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, нагласи дека процесот нема да гарантира брзина, но ќе се одвива непречено:

– „Не можеме да ви гарантираме брзина во судењето, но ќе направиме сѐ, за процесот да се одвива непречено. Не знаеме колку ќе трае, може 5 месеци или 5 години.“

Таа повика на дисциплина од сите странки и истакна:

– „Барам дисциплина од сите странки. Сите ќе имаат можност да ја изнесат својата верзија на случајот и својата одбрана. Ќе дојдеме до правдата.“

Втор судија во советот е Ахмет Идризи, а присутен е и резервен поротник за непречено одвивање на постапката. По читањето на имињата на присутните 34 обвинети и нивните адвокати, судијката донесе решение постапката „Кочани“ да се спои со обвинението против сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев:

– „Се спојуваат постапките поради економичност на постапката. Против ова решение не е дозволена жалба. Како што знаете, дополнително имаше обвинителен акт за Александар Нацев, кој е оценет. Се работи за истите дејствија и предметот ќе се спои, постапката ќе тече заедно.“

На судењето присуствуваат над 50 родители на загинатите и околу 30 домашни медиуми, како и акредитирани странски медиуми: БМТ, ТРТ, Франспрес, Ројтерс, Асошиејтед прес, Андалузија и други.

Поранешниот градоначалник на Кочани, Николче Илиев, ќе биде бранет од пет адвокати по обвинението за тешки дела против безбедноста во пожарот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран