Започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Во преполната судница на КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки, денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На судењето присуствуваат роднини на 63-те жртви, обвинителство, одбрана и новинари.
Осум месеци по трагедијата што се случи на 16 март, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети – 35 физички лица и три правни лица. Меѓу нив се сопственици и управители на локали, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.






















