ЕУ предлага нов систем за брзо движење на воени трупи и опрема – таканаречен „воен Шенген“, со кој земјите членки ќе мора да издаваат дозволи за транзит најдоцна за три дена во мир и шест часа во криза, пренесува Index.hr.
Целта е драматично да се подобри воената мобилност во Унијата. Европскиот комесар Апостолос Цицикостас предупреди дека моментално преместување војска „од запад кон исток трае месеци“, што е неприфатливо ако ЕУ сака да се брани ефикасно.
Новиот пакет, кој денес се претставува, е дел од поширокиот план за јакнење на европската одбрана до крајот на деценијата, кога – според некои разузнавачки служби – Русија би можела повторно да претставува директна закана.
Предлогот предвидува:
ускладени правила за премин на воена опрема во сите 27 членки
автоматско одобрување во кризни ситуации
нов европски систем за воена мобилност по модел на цивилната заштита
фонд за солидарност, преку кој државите ќе обезбедуваат возови, траекти и друга инфраструктура
„катарог на мобилноста“ со цивилна опрема што може да се користи за воени цели
Планирани се и инвестиции во надградба на клучни патишта, железници, мостови, аеродроми и тунели за да ја издржат тежината на модерната воена техника. Координацијата ќе ја води нова работна група со претставници од сите држави.
„Логистиката решава дали ќе се победи или изгуби во војна“, порача Цицикостас, додавајќи дека ЕУ мора итно да ги засили капацитетите за брзо распоредување на силите.






















