УТРО.мк

Промени во сопственичката структура на „Реплек“: Нови купопродажби на акции на Берзата

Промени во сопственичката структура на „Реплек“: Нови купопродажби на акции на Берзата
Vero

Според податоците објавени на Македонската берза, во „Реплек“ се евидентирани нови купопродажби на акции што донесоа промени во сопственичката структура на компанијата. Купувачи се Сава пензиски фонд и заменик-генералниот директор на фирмата, Коста Котески, додека продавач останува компанијата „Настел“.

Сава пензиски фонд, кој е меѓу поголемите акционери, дополнително го зголеми својот удел. Фондот купил 90 нови акции и сега располага со вкупно 16.793 акции, односно 6,48 проценти од вкупниот број издадени хартии од вредност.

Коста Котески, член на Управниот одбор и директор за снабдување и комерција во „Реплек“, се стекнал со 10 нови акции. Со ова, неговиот вкупен број на обични акции достигнува 410.

Во улога на продавач и понатаму останува „Настел“, кој продал 95 акции и сега поседува 15.950 акции, што претставува 6,15 проценти удел.

Берзанските податоци покажуваат дека вчера била реализирана и една блок-трансакција со 250 акции на „Реплек“, во вредност од 3.975.000 денари (околу 64,6 илјади евра). Цената по акција изнесувала 15.900 денари, што е нешто пониска од вчерашниот просек од 16.000 денари.

На официјалниот пазар биле истргувани дополнителни 75 акции, со вкупен промет од 1,2 милиони денари, односно околу 19,5 илјади евра.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран