УТРО.мк

Расте активноста на домашната берза за електрична енергија: 39 компании тргуваат со над 1 терават час

Расте активноста на домашната берза за електрична енергија: 39 компании тргуваат со над 1 терават час
Vero

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје одржа презентација и јавна расправа за „Правилата за регистрација на учество на пазарот на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори“. Настанот го следеа претставници од Министерството за енергетика, Регулаторната комисија за енергетика, МЕПСО, ЕСМ, како и компании снабдувачи, трговци и производители на електрична енергија, а беше презентиран и годишниот Извештај за работа на МЕМО.

Управителот Зоран Ѓорѓиевски истакна дека расте бројот на компании и тргуваната количина на домашната берза, што ја зголемува ликвидноста и транспарентноста. Во моментов, 39 компании активно тргуваат, а истргуваната количина пораснала за 40% споредено со 2024 година, со над 1 терават час до октомври годинава. Расте и производството од обновливи извори кај 178 повластени производители, а од април се издадени 127.907 Гаранции за потекло, што ја зголемува улогата на зелената енергија во националната структура.

МЕМО работи и на воспоставување на пазар во тековниот ден (Intraday Market), кој се очекува да стартува до крајот на вториот квартал 2026 година, како и на подготовките за спојување со европскиот пазар.

Новите Правила за регистрација и уредување на пазарот имаат за цел ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив пазар, заснован на транспарентност и недискриминација. Тие ги дефинираат организацијата, функционирањето и регулирањето на пазарот, условите и обврските на учесниците, начинот на тргување и уредувањето на набавките. Новитет се воведувањето на Оператор на складиште и Агрегатор како нови учесници на големопродажниот пазар, согласно новиот Закон за енергетика.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран