УТРО.мк

Млади до 35 години во Аеродром добиваат ослободување од комуналии при изградба или надградба на прв дом

Млади до 35 години во Аеродром добиваат ослободување од комуналии при изградба или надградба на прв дом
Vero

Општина Аеродром воведува нова мерка со која сите млади до 35 години што го градат, доградуваат или надградуваат својот прв дом ќе бидат целосно ослободени од плаќање на делот од комуналиите што е во надлежност на општината.

Со оваа мерка, младите добиваат значително финансиско олеснување и поддршка во нивниот чекор кон обезбедување сопствен дом. Од општината информираат дека мерката беше донесена на првата седница на Советот на Општина Аеродром, со што се потврдува определбата младите да бидат основата на развојот на заедницата.

Правото на ослободување можат да го остварат лица кои:
• имаат најмногу 35 години на денот на поднесување на барањето;
• се жители на Општина Аеродром најмалку две години;
• градат, доградуваат или надградуваат прв дом во нивна сопственост;
• објектот се гради исклучиво за лични станбени потреби.

Заинтересираните треба да поднесат комплетна техничка документација согласно Законот за градење и изјава дека објектот ќе го користат за сопствено домување најмалку десет години. Ослободувањето од комуналии се однесува на изградба на нова индивидуална куќа, доградба на постоен станбен објект за индивидуално домување или надградба на постоен станбен објект со која се создава прв дом.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран