Денес во Министерството за надворешни работи се одржа стратегиска средба посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. На средбата присуствуваа министерот Timco Mucunski и министерот за култура Зоран Љутков.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека средбата е јасен сигнал дека тимот има јасен план и работи синхронизирано, со прецизна стратегија и енергија. Тој додаде дека се гради заедничка комуникација со европските партнери, со цел Скопје да биде претставено достоинствено, современо и силно на европската културна мапа.

„Со ова покажуваме дека сме целосно посветени на процесите, целите и европските стандарди што ни се водилка. Нашата задача е јасна – Скопје да го поставиме високо на европската културна мапа“, истакна Ѓорѓиевски.
Проектот „Скопје 2028“ е дел од долгорочната визија за развој на градот како современа и културно препознатлива европска метропола, а активностите за неговото реализирање ќе продолжат со посветеност и обединета визија.























