Македонските репрезентативци во традиционално таеквондо остварија одличен резултат на Европскиот куп „Бугарија Опен 2025“ во Пловдив, освојувајќи две златни, едно сребрено и едно бронзено одличје.
Златни медали освоија Теодора Митреска во категоријата форми за сениорки и Мики Грнчески во форми за младинци до 18 години. Божидар Димитриевиќ се закити со сребрен и бронзен медал за сениори.
Претседателот на Македонската традиционална таеквондо федерација, Марјанчо Лазаревски, истакна дека успехот е особено значаен поради силната конкуренција. Тој го пофали Димитриевиќ за натпреварувањето во две тежински категории и младиот Христијан Шибакоски за одличниот настап во борбите, и нагласи дека сите натпреварувачи покажале храброст и пожртвуваност, достоинствено ги претставувајќи боите на Македонија.























