УТРО.мк

(ВИДЕО) Македонија ограбена во Кардиф: Крајно сомнителен пенал го одреди текот на мечот

(ВИДЕО) Македонија ограбена во Кардиф: Крајно сомнителен пенал го одреди текот на мечот
Vero

Македонската фудбалска репрезентација доживеа тежок и неправеден удар во Кардиф, каде што селекцијата на Велс славеше со 3-1, но натпреварот го одбележи крајно сомнителниот пенал досуден во 18. минута.

Стојчевски немаше контакт со противникот. Сепак, холандскиот судија Дани Макели остана при својата првична одлука и покажа на белата точка, и покрај жестоките реакции на македонските фудбалери. Во метежот што настана, жолт картон доби и голманот Столе Димитриевски, а Хари Вилсон сигурно реализираше за водство од 1-0.

Само две минути подоцна, Велс стигна и до втор гол – Да Силва одлично пронајде Џонсон, кој асистираше до Брукс, а овој без многу двоумење стрелаше за 2-0. Македонија брзо возврати: Дарко Велковски ја поведе акцијата, му додаде прецизно на Бојан Миовски, кој ладнокрвно по земја намали на 2-1.

Голот внесе дополнителна енергија кај избраниците на Благоја Милевски, кои почнаа да ја контролираат играта и да ги притискаат Велшаните. Во 35. минута, Димитриевски со блескава интервенција и помош од стативата ја спречи нова непријатност. Но, само две минути подоцна, Џонсон со силен удар од далечина, кој закачи и Костадинов, го постави резултатот на 3-1.

До крајот на првото полувреме Македонија беше поофанзивна, изведе три корнери и притискаше, но не успеа да намали.

Иронично, трите гола примени во Кардиф во едно полувреме се еднакви на вкупниот број погодоци кои Македонија ги прими во целиот претходен квалификациски циклус (против Белгија, Велс и Казахстан).

Сепак, долго ќе се зборува за досудениот пенал во 18. минута – одлука која целосно го смени текот на мечот и остави впечаток дека Македонија беше ограбена на гостински терен.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран