УТРО.мк

Опасни свлечишта на критични делници: ЦУК со итно предупредување, екипите на „Македонија пат“ на терен цела ноќ

Опасни свлечишта на критични делници: ЦУК со итно предупредување, екипите на „Македонија пат“ на терен цела ноќ
Vero

Обилните врнежи што синоќа и утрово го зафатија западниот и југозападниот дел од земјата предизвикаа серија свлечишта и одрони на повеќе патни делници. Најкритични остануваат патиштата Дебар–Струга кај местото Џепчиште и Кичево–Охрид во близина на Извор, каде што кал, земја и камења привремено го блокираа движењето на возилата.

На бројот за итни повици 112 пристигнале повеќе пријави од возачи кои забележале одрони или се нашле во невозможност да продолжат поради затрупани делови од коловозот.

Центарот за управување со кризи информира дека веднаш по првите дојави биле активирани екипите на „Македонија пат“, кои излегле на терен и почнале со расчистување за да се спречи поголем ризик по сообраќајот.

„Интензивните врнежи активираа нестабилни терени. Нашите екипи цела ноќ работат на критичните точки за да обезбедат безбеден сообраќај. Апелираме до возачите за зголемено внимание, особено на планинските делници“, соопштуваат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека состојбата се следи во реално време и дека поради најавените нови врнежи можно е појава на дополнителни свлечишта на веќе ризичните терени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран