УТРО.мк

Путин повторно шокираше со својата изјава

Путин повторно шокираше со својата изјава
Vero

Претседателот на Русија, Владимир Путин, повторно посегна по историски паралели за да ја оправда агресијата врз Украина, овојпат споредувајќи ја војната со легендарната Битка за Сталинград.

Оваа изјава ја даде за време на церемонијата на поставување кобилица за новиот руски нуклеарен мразокршач, кој ќе го носи името „Сталинград“.

Обраќајќи му се на еден од преживеаните ветерани од Сталинградската битка, Путин нагласи дека, според него, руските војници кои учествуваат во инвазијата врз Украина се „во истата историска линија“ со борците од 1940-тите години.

„Ви благодарам што се сетивте на учесниците во специјалната воена операција. Тие и сите ние заедно, како и вие, секогаш ќе паметиме дека зад нас стои Русија“, изјави Путин, директно поврзувајќи ја современата руска воена кампања со најкрвавите битки од Втората светска војна.

Тој додаде и дека упатува „искрени зборови на благодарност не само до вас, туку и до сите ваши соборци кои не само што ја одбранија татковината, туку ја подигнаа од руините по војната“.

Битката за Сталинград, една од најкрвавите и најзначајните операции во Втората светска војна, траела од јули 1942 до февруари 1943 година и завршила со капитулација на германските сили и пресврт во корист на Црвената армија. Според проценките, само советските „неповратни загуби“ изнесувале речиси 480.000 луѓе.

Путин со години ја користи симболиката на Сталинград и Големата татковинска војна за да ги оправда руските цели во Украина. Претходно ја нарече „специјалната воена операција“ „праведна“ и „чесна борба“, тврдејќи дека руските војници дејствуваат „како хероите од 1812 година, Првата светска војна или Големата татковинска војна“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран