Украина и европските сојузници ќе ја отфрлат секоја „мирна формула“ поддржана од САД што би ја принудила Киев да се откаже од делови од својата територија додека војната сè уште трае, пренесува Bloomberg.
Контрапредлогот, кој треба да биде претставен на состанокот во Швајцарија, бара цврсти безбедносни гаранции од САД по моделот на НАТО, користење на замрзнатите руски средства за обновата на Украина и целосно непризнавање на руските територијални претензии во регионите што Москва не ги контролира.
Според информациите на Bloomberg, планот на американскиот претседател Доналд Трамп би значел Украина да се повлече од делови на Донбас, да ја признае руската контрола врз Крим и Донецк, како и да го ограничи украинскиот одбранбен капацитет на максимум 600.000 војници.
Европските држави не го прифаќаат ваквиот пристап, а Киев јасно порача дека нема намера да се повлече или да прави територијални отстапки под притисок.























