Мировниот план за Украина предложен од администрацијата на Доналд Трамп предизвика реакции во медиумите и меѓународната јавност. Иако содржи одредби кои ја фаворизираат Русија, не ги исполнува максималните барања на Москва. Планот на Украина и наметнува сериозни ограничувања – забрана за пристап во НАТО, ограничување на армијата на 600.000 војници и други обврски кои го поткопуваат суверенитетот на земјата.
Некои одредби, како пренасочување на замрзнатите руски средства за обнова на Украина под надзор на САД, се неприфатливи за Путин, кој гледа на тоа како на мешање на американската страна. Исто така, предложениот „Мировен совет“ под водство на Трамп, кој би го следел спроведувањето на договорот, е директно неприфатлив за рускиот претседател.
За Путин, клучно е дека Украина не смее да има ефективни безбедносни гаранции од НАТО или САД, бидејќи тоа би ѝ дало политичка и воена предност против Русија. Тој се стреми да обезбеди стратешка подреденост на Украина и да го оствари своето влијание врз глобалната безбедносна архитектура.
Поради тоа, Трамповиот план, во сегашната форма, е практично неприфатлив за Москва и веројатно ќе биде целосно преработен или одбиен. Украина, пак, нема да го прифати планот без промени, а Европските земји ќе бидат притиснати да учествуваат во преговорите.























