УТРО.мк

Снежен бран во регионот, следуваат нови над 50 сантиметри снег

Снежен бран во регионот, следуваат нови над 50 сантиметри снег
Vero

Регионот уште од вчера е зафатен од обилни снежни врнежи а најпогодени се Босна и Хрватска каде на многу места во овие земји владее вистинска снежна идила. До утре навечер (Недела 23 ноември) особено во Босна и во Хрватска локално ќе наврнат нови над 50 сантиметри снег. Врнежи од снег ќе има и во Црна Гора, Словенија како и на југозапад од Србија но и во западните планински предели од над 1200/1300 метри надморска височина во нашата Македонија.

Сето ова е поради циклонската активност од Џенова и истата е во склоп со продорот на значително ладен воздух од север кон Балканот.

МетеоАларм

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран