Хром добива долгоочекувана функција: Табовите сега се од страната на екранот
Гугл во најновата експериментална верзија „Chrome Canary“ на компјутери ја тестира можноста за прикажување на табовите од левата страна на екранот, наместо класично на врвот. Ова го решава проблемот со преголем број отворени табови кои стануваат тешки за препознавање.
Користењето е едноставно: со десен клик на табовите се избира опцијата „Show tabs to the side“, при што се гледаат целите имиња на страниците. Табовите во вертикална листа се многу попрегледни, со дополнителни опции како пребарување и криење на страната листа, што особено ја олеснува работата на широки монитори.
Новитетот е засега достапен само во Canary верзијата, а Гугл планира да го воведе прво во Beta, па потоа во редовната верзија на Хром во текот на годината.























