На 22 ноември 2025 година, околу 00:10 часот, полицијата од ОВР Кавадарци го приведе А.В. (57) од Србија, познат како Аца Лукас. Контролата, спроведена заедно со Одделението за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од РЦ за гранични работи Југ, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и УЈП, покажа дека Лукас настапувал без работна дозвола и без дозвола за престој.
Против него е поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци, а Основниот суд Кавадарци му изрече парична казна.
Контролата открила и дополнителни неправилности:
неиздавање фискални сметки,
прекршување на Законот за пушење,
присуство на двојно повеќе гости од дозволениот капацитет, што ја загрозува безбедноста на посетителите,
продажба на ВИП ваучери без фискална сметка.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите прекршоци ќе бидат соодветно санкционирани и најави продолжување на засилените контроли низ целата држава со цел превенција и спречување на кршење на законите.























