Европската комисија поднесе тужба против Бугарија, Литванија, Португалија и Шведска пред Судот на правдата на ЕУ поради неисполнување на обврските за намалување на емисиите на неколку загадувачи на воздухот.
Според правилата на ЕУ, секоја земја треба да ги намалува емисиите на одредени загадувачки материи во периодот од 2020 до 2029 година, со уште поголеми намалувања по 2030 година. Земјите се должни да креираат и ажурираат национални програми за контрола на загадувањето, за да покажат како ќе ги исполнат овие обврски.
Бугарија, Португалија и Шведска не ги намалиле емисиите на амонијак, додека Литванија не ги исполнила обврските за азотни оксиди и неметански испарливи органски соединенија. Комисијата уште од јануари 2023 година испраќа формални известувања до земјите што не ги исполнуваат обврските, но податоците до 2023 година покажуваат дека недостатоците се уште постојат.
„Напорите на властите досега биле недоволни“, наведува Европската комисија, додавајќи дека ќе одлучи за понатамошни дејствија доколку е потребно.
Тужбата ја потврдува решеноста на ЕУ да го заостри контролирањето на квалитетот на воздухот и да ги принуди земјите-членки да ги исполнуваат законските обврски.























