УТРО.мк

Еве кога се очекуваат првите снегови во Македонија

Еве кога се очекуваат првите снегови во Македонија
Vero

Оваа недела Македонија ќе доживее променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Најобилни врнежи се очекуваат во југоисточните региони, каде ќе се соберат над 40 литри дожд по квадратен метар за 24 часа, со можност за невреме придружено со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер со брзина над 60 km/h, а дневните температури ќе се движат од 12 до 19 степени.

За Скопје се прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 17°C, а релативната влажност е 90%.

Во текот на викендот се очекува слично време, со пообилни врнежи на некои места, локално со засилен ветер и грмежи. Од недела, со продор на постудена воздушна маса, врнежите од дожд на повисоките планини ќе преминуваат во снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат, а нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната недела.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран