УТРО.мк

Обилни врнежи предизвикаа поплави низ земјата, ЦУК во постојана координација со општините

Обилни врнежи предизвикаа поплави низ земјата, ЦУК во постојана координација со општините
Vero

Поради обилните врнежи во повеќе региони низ државата, водостоите на реките се зголемија, а поплавени се терени, подруми и земјоделски површини. Центарот за управување со кризи (ЦУК) и засегнатите општини се во постојана координација за справување со последиците од непогодите.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, ја следи ситуацијата од Дежурниот оперативен центар и редовно комуницира со градоначалниците на погодените општини. На терен се ангажирани екипи на јавните претпријатија, механизација и приватни компании за испумпување вода, расчистување и итни интервенции.

Засегнати региони се Ресен, Битола, Демир Хисар, Охрид, Крива Паланка и околината. Дежурните екипи ќе останат на терен и во текот на ноќта, а ЦУК продолжува да ја следи состојбата и да подготвува дополнителни мерки за справување со поплавите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран