На ден 21.11.2025 година, градоначалникот на општина Јегуновце оствари средба со тетовскиот муфтија г. Др. Селвер Џемаили и неговите соработници. Во оваа прилика тетовскиот муфтија упати честитка за избор на втор мандат на градоначалник г. Димитар Костадиноски за градоначалник на општина Јегуновце.
Голема благодарност за денешната посета и за честа што можевме да разговараме за негување на религијата, верата и традиционалните вредности на сите граѓани од општина Јегуновце од исламска вероисповед.
Се надеваме на идна соработка и стоиме на располагање за поддршка и помош до сите верски претставници.























