На 20.11.2025 во 14:35 часот полициски службеници од ПО Групчин, лишиле од слобода 42- годишен маж од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:40 часот во нивниот семеен дом физички ја нападнал неговата 31- годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.























