Седум лица, меѓу кои и малолетник, уапсени за поседување дрога.
– На 19/20.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.К.(31) од Турција, со привремен престој во Скопје, А.Д.(25) од с.Волково, скопско, Л.А.(20), Ј.К.(47), Д.К.(38), А.С.(25), А.С.(27) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана, информираа од полицијата.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.























