УТРО.мк

Со фалсификувани документи ги измамиле државните институции

Со фалсификувани документи ги измамиле државните институции
Vero

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против управителите на скопската фирма „Тритерол Петрол“, Љ.П. и З.А., како и против самото правно лице, поради сомнение дека со фалсификувани банкарски гаранции незаконски обезбедиле добивање на 19 јавни набавки, со што се стекнале со противправна корист од речиси 57 милиони денари.

Според наводите на Финансиската полиција, во периодот од 2021 до крајот на 2024 година, пријавените користеле вкупно 19 лажни исправи – фалсификувани банкарски гаранции доставувани во постапки за јавни набавки пред 12 државни и јавни институции.

„Станува збор за организирано и свесно користење на невистинита документација со цел добивање договори за јавни набавки. На овој начин директно биле прекршени прописите во постапките за јавни набавки“, соопштија од Управата.

Од институцијата посочуваат дека склучувањето на 19 договори со фалсификувани гаранции резултирало со противправна имотна корист во износ од 56.764.827 денари. „Ова е класичен пример како злоупотребите во системот на јавни набавки создаваат сериозни финансиски последици за државата“, додаваат од Финансиската полиција, истакнувајќи дека предметот е целосно документиран и предаден во Основното јавно обвинителство Скопје.

Обвинителството треба да одлучи дали ќе поведе постапка за делата „Фалсификување исправа“ и „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно–приватно партнерство“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран