УТРО.мк

Необична појава на пена во Вардар: Зелениково презема итни мерки

Необична појава на пена во Вардар: Зелениково презема итни мерки
Vero

Општина Зелениково извести дека утрово, при активирање на пумпите за препумпување на отпадните води од Скопското Поле, во селото Таор е забележана необична појава на пена во одводниот канал што се влива во реката Вардар. Обемот на пената бил значително поголем од вообичаеното, а препумпувањето ги опфаќа општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Петровец и околните места.

„Општинските служби заедно со АД ‘Водостопанство’ излегоа на терен за увид и координација со надлежните институции за понатамошно постапување“, изјави градоначалникот Коста Маневски.

За да се утврди хемискиот состав на пената и можните извори на загадување, Институтот за јавно здравје на барање на општината земал примероци од водата и од самата пена. Паралелно со тоа, Зелениково поднесе пријава до Државниот инспекторат за животна средина, кој ќе ја преземе понатамошната контрола и мерки.

Од општината најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана веднаш штом пристигнат резултатите од анализите и насоките од надлежните институции.

Извор: 24инфо.мк

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран