<strong>Дурловски бара строги правила за настапи на странски изведувачи по случувањата во Кавадарци</strong>
Игор Дурловски испрати силна порака дека културниот простор во државата брзо се трансформира под влијание на надворешни актери и интереси. Тој оцени дека јавната сфера се претвора во терен за конфликти што немаат допирна точка со локалниот контекст.
„Во држава која и понатаму се обидува да зачува барем минимална културна сувереност, нашата јавна сфера се’ почесто се сведува на навивачки трибини за ‘културни’ конфликти што не се ниту наши, ниту за нас релевантни.“
Дурловски посочи дека последните случувања во Кавадарци покажуваат обиди за влијание однадвор.























