УТРО.мк

Трамп со нова објава: „Војната меѓу Русија и Украина никогаш немаше да се случи со силно американско раководство“

Трамп со нова објава: „Војната меѓу Русија и Украина никогаш немаше да се случи со силно американско раководство“
Vero

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја критикуваше украинската и претходната американска администрација во објава на социјалните мрежи, тврдејќи дека војната меѓу Русија и Украина „никогаш немаше да се случи“ со, како што наведува, „силно и правилно раководство“.

Во својата порака, Трамп оцени дека конфликтот започнал поради „слабоста“ на администрацијата на Џо Бајден, обвинувајќи дека Владимир Путин ја искористил ситуацијата како „шанса“ да нападне. Тој повтори дека изборите во 2020 година биле „наместени и украдени“, додавајќи дека за време на неговиот претходен мандат „немало ниту спомен“ од ваков конфликт.

Трамп нагласи дека „наследил војна која никогаш не требало да се случи“ и дека таа е „катастрофа за сите“, посочувајќи ги милионите животи што, според него, биле изгубени без потреба. Тој ја критикуваше украинската власт за „незахвалност“, а Европската унија за тоа што продолжува да купува руска нафта.

Во објавата, Трамп повторно удри и по НАТО, тврдејќи дека САД и натаму продаваат огромни количества оружје за распределба кон Украина, додека претходната администрација „давалa сѐ бесплатно“.

На крајот од пораката, Трамп упати молитва за сите загинати во, како што ја нарече, „човечката катастрофа“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран